ЕКОНОМИЧНО И ЗДРАВО ДОМУВАЊЕ СО А-КЛАСА ЕНЕРГЕТСКИ СЕРТИФИКАТИНГ 

ИНГ  инженеринг е пионер во воведувањето и лидер во унапредувањето на енергетски ефикасните домови во Македонија, кои компанијата ги гради 13 години, уште кога оваа материја не беше законски регулирана кај нас. Компанијата го изгради првиот енергетски ефикасен објект кој го доби првиот издаден сертификат за енергетски карактеристики на згради А-класа во Македонија.
Енергетската ефикасност постојано се подобрува и усовршува на секоја новоизградена зграда. Добиениот сертификат за најновиот станбен објект  со показател од 19,33 kWh/m²a, покажува дека овој тој е речиси за 6 мерни единици над горната пропишана граница за енергетска А-класа.