СЕРТИФИЦИРАН АКУСТИЧЕН КОМФОР – 80 % НАД МАКЕДОНСКИТЕ СТАНДАРДИ ВО ТИВОК ДОМ БЕЗ БУЧАВА

Прв пат во Македонија, во објектите е воведен систем на одлична звучна изолација до 53 db – измерен индекс за намалување на звукот R’w=53 db. За прв пат во Македонија е верифицирана звучната изолација со сертификат за акустични својства од светскиот бренд со 350 годишна традиција, RIGIPS (SAINT GOBAIN). Со звучна изолација 80 % над македонските стандарди, според европските норми и најновите сознанија во областа на акустиката, на станарите им се гарантира мирен дом, заштитен од „звучно загадување“, имун на бучните соседи и градската врева во урбаната зона.
Специјално за најновиот објект „, нашиот инженерски тим креира нов состав на сендич ѕид помеѓу два соседни стана и стан и заеднички ходник. Резултатите од мерењето на воздушната и ударната звучна изолација тука покажаа вредност на воздушната звучна изолација од R`=54,1 (dB) и вредност на нормализирано ниво на ударен звучен притисок од L’n = 56,5 – 57,5 (dB). Добиените вредносни параметри ги задоволуваат дури и највисоките европски стандарди за звучна изолација во станбени објекти.